Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата што не им припаѓаат. Додека во земјата народот се бори за живот, тие немаат право да си ги покачат парите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, а уставните судии спротивно на законот си изгласале покачување на платите за себе. На земјава со водство на Заев не ѝ треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО, се наведува во соопштението.
Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Според партијата, гласањето на додаток на плата е незаконски.
-Секое покачување на платата или измени во тој дел треба да помине во Собранието, сè друго е кршење на законите. Дали со ваквите додатоци на плата треба да ѝ се угоди на Кацарска, која СДСМ сака да ја избере за уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука и Министерството за финансии да не постапува по неа при исплата на платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.