Dark Mode Light Mode

Шилегов и галиите во Вардар не можат едни без други

Деновиве пак дојде ново ветување за отстранување на две од трите галии лицирани во реката Вардар. Ветувањето е на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Во тек сме на отстранување на две од три галии, таму сме во постапка, изјави тој во неодамнешното интервју за телевизијата „21“.

Ова е уште една најава за отстранување на галиите кои градоначалникот почна да ги дава уште од 2018 години. Тогаш беше најавено отстранувањето на галиите за да по неколку месеци се соопшти дека Градот Скопје нема пари за такво нешто бидеќи ќе чинело дури шест милиони евра.

Реклама

Потоа, на ред дојдоа најавите за отстранувањето преку правни средства. Во март годинава на сопственикот на една од галиите кај МЕПСО му беше даден рок од 30 дена да ја отстрани откако му беше раскинат договорот. Во јуни дојде и до раскинувањето на договорот со закупецот на галијата кај хотелот „Холидеј Ин“ поради тоа што четири месеци не ја платил киријата. Но, оттогаш до сега галиите не се отстранети освен што тоа градоначалникот редовно го најавува во интервјуата кои ги дава последниве месеци.

Кога точно ќе се отстранат галиите, не кажа ни сега. Галиите уште се „усидрени“, а најавите поминуваат покрај нив…

Мандатот на Шилегов влезе во последната година, да не излезе дка градоначалникот и галиите не можат едни без други.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Украл телефон од малолетно девојче во Драчево

Next Post

Зарем уште има дилема дали 200.000 евра да се трошат за светлечки чадорчиња или за чадор против вирусот, загадувањето...?

Реклама