Dark Mode Light Mode

Скопјани: Од небо ли ќе ги чистите депониите, со дрон кој „фрла“ метли?

Со кратење или релоцирање на државниот буџет, односно популарното ребалансирање во касата на државата, парите предвидени за чистење на дивите депонии се скратени за неверојатни 90 проценти. Станува збор за парите за тековната година. Тоа значи дека ветувањата за „збришување“ на ваквите депонии од страна на надлежните, остануваат само на тоа – зборови.

Секако, за граѓаните и еко-здруженијата на само 10 отсто од првично предвидените пари да се сведат средствата за оваа намена е скандалозно и недозволиво:

-Кога се давиме во ѓубре, Владата крати средства на животната средина. Со ребалансите на Буџетот на државата за 2020 година се предвидени за 90 проценти помалку средства за чистење на дивите депонии кои никнуваат како печурки по дожд, а две третини од предвидените средства за набавка на делови и за нови инструменти за мерење на квалитетот на воздухот, се исто така скратени. Во фаза сме на неконтролирано создавање диви депонии – сметишта. Национален спорт ни станува кој колку повеќе ѓубре ќе создаде зад себе и колку побрзо ќе се наполни веќе исчистена дива депонија бидејќи надлежните, едноставно, одбиваат да инвестираат во камери или чуварски служби, вели Невена Георгиевска од О2 Иницијатива.

Реклама

Скопјани се особено досетливи во коментарите кога сакаат револтот да го канализираат во шега:

-Без нервоза. Сега ќе се распише тендер за дрон кој испушта гребла и метли, од небо ќе се чистат депониите. Ем се снима кој кај фрла, ем се мете истовремено. Уште да можеше дронот да казнува одлично ќе беше…

-Скопје зелена престолнина, можда и ќе „бидне“, ако фрламе замо зелен отпад по депониите, бар да не се двои од тревата, па со текот на времето ќе си сраснат и надлежните ич мака ќе немаат…, се коментарите на граѓаните.

Инаку, за чистење на диви депонии се скратени 1.323.500 евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Формиран Претседателски центар за политичко образование

Next Post

„Чудесна терапија“ вечерва на репертоарот на Драмски театар

Реклама