Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е нова Специјална комисија од експерти

Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од Ковид-19, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека е потребна нова комисија.

-Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти. Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секоj ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела, наведува оваа партија.

Реклама

Таа додава дека власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.

-Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт, се потенцира во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со температура до 20 степени

Next Post

Скопје стасува со 3.000 активни случаи, само во Аеродром 592

Реклама