Dark Mode Light Mode
Скопје стасува со 3.000 активни случаи, само во Аеродром 592
Се пофалија со расчистување на картон-населбата под Железничка, но оставија купишта отпадоци
Најдено оружје при два претреса во Синѓелиќ

Се пофалија со расчистување на картон-населбата под Железничка, но оставија купишта отпадоци

Градските комуналци пред некој ден се пофалија дека го отстранија импровизираното картон-маало под новата Железничка станица. Населбата навистина претставуваше грда слика за Скопје, извор на загадувањето, опасност од ширењето на заразни заболувања. Оттаму, добро беше што конечно се најде решение таа да се расчисти, а за нејзините жители да се обезбеди друго сместување во зимските услови.

Но, уште поубаво ќе беше работата да се завршеше до крај. Односно, импровизираната населба од картони и штици да се расчистеше целосно. За жал, таму остана куп отпадоци. За тоа сведочат и фотографиите кои денеска ни ги испрати скопјанецот Дејан Ристевски.

Реклама

-Секој ден поминувам покрај тој простор и забележав дека расчистувањето не се заврши до крај. Со оглед на тоа дека е повлечена механизацијата, најверојатно така ќе и остане. А на тој простор остана куп отпадоци, парчиња од мебелот, ламарини, најловни, картони… се она што беше собрано од луѓето кои живееле тука. Грдата слика пак остана. Мислам дека и ова треба да се дорасчисти ако сакаме работите да ги правиме како што треба, потенцира овој наш сограѓанин.

На просторот сега се собираат и кучиња скитници. Градските власти најавија дека во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе ги засилат контролите во овој дел од Скопје за да се спречи повторно формирање на ваквата импровизирана населба под Железничката станица. Но, пред тоа најдобро би било просторот темелно да се расчисти.  

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје стасува со 3.000 активни случаи, само во Аеродром 592

Next Post

Најдено оружје при два претреса во Синѓелиќ

Реклама