Dark Mode Light Mode

Медицинари од интернистичките гранки на испомош во Инфективна

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација. Ова го порача  директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, која информираше за хоспитализацијата на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.

Инаку, во однос на кадарот кој работи во модуларната болница, таа изјави дека постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички.

-Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки, и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега, рече таа.

Реклама

Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со Ковид-19.

Стевановиќ изјави дека поради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што може да се предвиди и на што апелираат е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Најдено оружје при два претреса во Синѓелиќ

Next Post

Македонија напредуваше на ФИФА листата, навиваме да се искачи уште погоре по мечот со Грузија

Реклама