Dark Mode Light Mode

Додавале кислород во водата, но пак има голем помор на риби во Тиквешко езеро

Голем помор на риби се случува во моментот во Тиквешкото езеро, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден, на удар е целата наша произведена риба во количина од 120 тони, предупредија денеска производители на крап во кафезен систем на Тиквешко Езеро, „Златен крап“ и „Дошница“.

-Иако настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, развојот на ситуацијата е се уште неповолен, алармираат производителите.

Тие укажуваат дека катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 мг/Л. Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород во нашите води, а кој е потребен за опстојување на рибата.

Реклама

-И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на рибниците на нашите партнери, пријатели, соработници кои се распоредени на други позиции низ акумулацијата и се надеваме дека ќе остане така, се наведува во обраќањето.

Со случајот се запознати Владата и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за храна и ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен во МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведен 25-годишник, дома му пронашле предмети однесени при тешка кражба

Next Post

Убаво, во Кисела Вода се садеа дрва во паркот „Шопен“

Реклама