Dark Mode Light Mode
Силувано дете во Куманово
Николовски го доставил мислењето со барање за оставка на Лидија Димова
Јадно: Аеродромци одат по вода дури во Карпош

Николовски го доставил мислењето со барање за оставка на Лидија Димова

Мислење во кое се предлага да се побара оставка од Лидија Димова, директорка на Национална агенција за образовни програми доставил денеска Љупчо Николовоски, заменик на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.

Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук тој наведе дека мислењето е доставено до премиерот Зоран Заев.

Мислењето со кое предлагам да се побара оставка од директорката Лидија Димова е денеска потпишано и проследено до Претседателот на Владата. Не сме тука да судиме и кажуваме дали некој е крив и во која мера, тоа е работа на надлежните институции кои треба да утврдат дали има злоупотреби во работењето. Сомнеж не смее да има, транспарентноста мора да е загарантирана, а функционерите да работат максимално професионално и отчетно, напиша Николовски.

Реклама

Тој неодамна најави дека ќе побара оставка од Димова по скандалот кој неодамна избувна околу доделувањето на средствата на Националната агенција за повеќе проекти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Силувано дете во Куманово

Next Post

Јадно: Аеродромци одат по вода дури во Карпош

Реклама