Dark Mode Light Mode
Мизерно: Го силувал Средно Водно со плочките од домашниот тоалет
Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19
Полицијата ревносна за маските: Казнети 796 лица

Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19

Владата денеска ќе се изјасни за новите превентивни мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести. Предлогот е сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации.

Собранието, пак, ќе расправа за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата – задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.

– Значи, оваа е единствена законска измена што ќе даде можност за сите овие други мерки да се прифаќаат од Владата без дополнителна измена во законот. Треба мнозинство од 61 пратеник. Јас не очекувам да трае целиот тој процес повеќе од неколку дена. Верувам дека до крајот на неделата овие мерки ќе бидат во сила, изјави вчера Филипче.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мизерно: Го силувал Средно Водно со плочките од домашниот тоалет

Next Post

Полицијата ревносна за маските: Казнети 796 лица

Реклама