Dark Mode Light Mode

Водовод: Дефектот е саниран, граѓаните ќе добијат вода до полноќ

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на булеварот Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ.

Од Јавното претпријатие велат дека нивните екипи непрекинато работеле на дефектот и во рекордно време го отстраниле.

„Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цефка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цефка која е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Реклама

Дефектот ги опфати населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јадно: Аеродромци одат по вода дури во Карпош

Next Post

Саниран дефектот, водоснабдувањето ќе се нормализира до полноќ

Реклама