Dark Mode Light Mode

Мизерно: Го силувал Средно Водно со плочките од домашниот тоалет

Водно го силува кој ќе посака. Насилничлкото градење по неговите падини веќе на сите ни е видливо. Видливо е дека Водно не е многу чувано и од отпадоци. Расфрлани кесиња, шишиња, кутии од сокчиња… речиси редовно остануваат на масите, клупите, по џбуновите по секој викенд и поголемо присуство на „вљубениците„ во природата.

Но, сега и тоа се „надоградува“. На полошо, се разбира. Изминатиов викенд посетителите беа стаписани од глетката кога во шумата видоа и фрлен градежен шут, керамички плочки кој некој тука ги донел за да се ослободи од нив по реновирањето на домашниот тоалет.

-Беме вчудоневидени кога забележавме дека во тревата меѓу стеблата видовме и расфрлани плочки. Значи, некој тука специјално ги донел за да ги фрли токму тука. Ова е за секаква осуда. До таму ли имаме несовесни граѓани, ни изјави скопјанецот кој ни ги испрати фотографиите.

Реклама

Расфрланите плочки се наоѓаат во бизлина на објектите на Црвениот крст на Средно Водно, во близина на патеката која оди кон врвот на планината. Ќе бидат исчистени или нови ќе се додадат?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Власта целото лето го преспа и сега не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа

Next Post

Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19

Реклама