Dark Mode Light Mode

Чудни оценки на Спасовски за Пржинската влада: Сега му е за петка

Може ли една иста работа во една прилика да ја оцениш со петка, а во друга – односно претходно си и дал единица? Може. Особено во Македонија и особено ако оценувачот е политичар.

Еве ви еден пример од денеска:

Преодната-техничка Влада во заминување во овој речиси деветмесечен мандат успешно одговори на предизивиците, оцени техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Реклама

-Јавното здравје е заштитиено, економијата е одржана, меѓународните перспективи се остварени, спроведени се фер и демократски избори. Со мене ќе понесам многу корисни искуства од функционирањето на оваа влада, дека во моментот кога ќе прифатиме дека постојат предизвиците и ефикасно ќе ги дефинираме, ние веќе сме отишле до половина пат за нивното решавање, изјави Спасовски.

Е сега, се сеќавате ли колку пати Спасовски пред изборите укажуваше дека тнр. „Пржинска влада“ е нефункционална и треба да има итни избори? Па негодуваше од министерот Чулев, па објаснуваше дека на Македонија и требаат стабилни институции, па…

Неговиот шеф, лидерот на СДСМ Зоран Заев пред последните парламентарни избори најавуваше дека моделот на „Пржинската влада“ треба да се укине бидејќи е нефункционален, а тоа го потврди и при објавувањето на новата владина  коалиција со ДУИ.

И сега, денеска, премиерот Спасовски оцени дека таа влада била – успешна! И, и стави петка на техничката-преодна влада за завршените работи.

Се заборавија ли досегашните забелешки? Или оценката за техничката-преодна влада е во зависност од приликата во која се дава?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Трифун Костовски бара МВР и Обвинителството да се вклучат во истрага за Еуростандард Банка

Next Post

Лоша тенденција: Се намалува бројот на бебиња, а и бракови има се помалку

Реклама