Dark Mode Light Mode

Земјите од Балканот ќе изработуваат заемен протокол за отворање на границите

Министерот за здравство, Венко Филипче, присуствуваше на видеоконференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.

На видеоконференцијата, која ја иницираше Филипче, учесниците информирале за состојбата со корона вирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за наесен и процесот за набавка на вакцината.

Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, македонскиот министер посочил дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите, како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се согласиле и другите  учесници на конференцијата.

Реклама

Врз основа на кажаното, на состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на заемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видеоконференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели.

На денешната конференција учествуваа министрите за здравство на Албанија – Огерта Манастарлиу; на Грција – Василеиос Кикилиас; на Република Српска – Ален Шераниќ и на Косово – Арменд Земај, како и заменик-министерот за здравство на Босна и Херцеговина – Горан Черкез, Данијела Урошевиќ, асистент на министер за интернационална соработка и европски интеграции, и Верица Јовановиќ, директор на Институтот за јавно здравје од Србија, како и Ангел Кунчев од Бугарија, директор на здравствениот инспекторат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лоша тенденција: Се намалува бројот на бебиња, а и бракови има се помалку

Next Post

Му ја одбила понудата за брак, па ја уценувал со компромитирачки снимки

Реклама