Dark Mode Light Mode

Трифун Костовски бара МВР и Обвинителството да се вклучат во истрага за Еуростандард Банка

Јавен повик до државните институции да се вклучат во истрагата околу случајот Еуростандард банка упати денеска бизнисменот Трифун Костовски кој што е еден од главните акционери во банката. Повикот е упатен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и до Министерството за внатрешни работи.

-Ги повикувам наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, потенцира во повикот Костовски.

Тој неодамна обвини дека затворањето на Еуростандард банка е „смислено сценарио“, правено со месеци наназад. На прес конференцијата тој најави кривични паријави за претходното раководство на Банката кое ја довело до ваква состојба и постапка пред Арбитражен суд во која ќе ја тужат државата за стечајот. Рече дека правдата ќе ја бара и надвор од државата. 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ристо Вуков се подготвува за трката на Имола, Халк Осигурување му овозможува сигурност и поттик

Next Post

Чудни оценки на Спасовски за Пржинската влада: Сега му е за петка

Реклама