Dark Mode Light Mode

Лоша тенденција: Се намалува бројот на бебиња, а и бракови има се помалку

Неповолни податоци за природното движење на населението во второто тромесечје од годинава соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 проценти и изнесува 4 596 живородени деца.

-Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи  зголемување од 3.0 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 064 лица, а од нив умрени доенчиња се 51. Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, се наведува во информацијата.

Во првото тримесечје од годинава починале 22 доенчиња што е за 2,5 помалку од овој период.

Реклама

-Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 проценти во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови. Во ова тримесечје е добиен 181 извештај за разведени бракови, соопшти ДЗС.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Чудни оценки на Спасовски за Пржинската влада: Сега му е за петка

Next Post

Земјите од Балканот ќе изработуваат заемен протокол за отворање на границите

Реклама