Dark Mode Light Mode
Казни за 657 граѓани заради неносење маски
Градски „пајак“ во изминатава недела просечно кревал по 27 возила дневно
Загина работник во рудникот Суводол во РЕК Битола

Градски „пајак“ во изминатава недела просечно кревал по 27 возила дневно

Вкупно 191 непрописно паркирано возило кренал градскиот „пајак“ во изминативе седум дена, соопшти денеска Градот Скопје.

-Во текот на изминатата недела, од 13 до 19 август отстранети се 20 возила од зонските паркиралишта, а другите 171  возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, се наведува во соопштението.

Гледано во просек, излегува дека секој ден санкција за непрописно паркирање добиле по 27 сопственици на моторни возила.

Реклама

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 322 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казни за 657 граѓани заради неносење маски

Next Post

Загина работник во рудникот Суводол во РЕК Битола

Реклама