Dark Mode Light Mode

Почна изградбата на улица „Есенинова“, ќе се растовари раскрсницата кај Тутунски

Во скопската општина Кисела Вода денеска почна изградба и пробивање на улицата „Есенинова“, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите „Борис Трајковски“ и “Трета македонска бригада“.

– Со овој коридор ќе се намали притисокот на раскрсницата кај „Тутунски комбинат“ бидејќи директната врска кон скопското сајмиште за граѓаните ќе значи многу побрзо патување и кратење за повеќе од десетина минути од времето потребно за движење. Ќе се намали и метежот во сообраќајот а со тоа ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух – изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи.

Новоизградената улица „Есенинова“ ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада„. Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација. Вредноста на договорот изнесува околу 71.000.000 денари, односно, 1,1 милион евра, а рокот за изведба е 22 месеца.

Реклама

Со изградбата на „Есенинова“, ова тесно грло во сообраќајот ќе се растовари, ќе се скрати кружењето околу „Тутунски“, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Ова ќе го почувствуваат и граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода, а кои избегнувајќи го тесното грло кај „Тутунски“ кружат или преку булевар Србија во Аеродром или преку булеварите „Крсте Мисирков„ и „Кочо Рацин“ во Центар. Така на пример, од Чешма до „Континентал“ ако сега се патува 3 километри преку Центар или 8 километри преку Аеродром, преку трасата „Есенинова“ – “Никола Карев“ – “Беласица“ ќе се патува само 2 километра. Изразено во време, тоа на граѓаните им заштедува од 10 до 15 минути.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Двесетгодишна скопјанка тешко повредена по излетувањето на „мерцедес“

Next Post

Тројца починати, 118 новозаразени и 127 оздравени од корона вирусот

Реклама