Dark Mode Light Mode

Двесетгодишна скопјанка тешко повредена по излетувањето на „мерцедес“

Со тешки телесни повреди се здобила дваесетгодишна скопјанка во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на булеварот „Србија“ во скопската општина Аеродром.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила по излетување од патот на возилото во кое таа била сопатник.

-На 20.08.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на бул.„Србија” во Скопје, патничко возило „мерцедес 124″, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”- информира  МВР.

Реклама

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Загина работник во рудникот Суводол во РЕК Битола

Next Post

Почна изградбата на улица „Есенинова“, ќе се растовари раскрсницата кај Тутунски

Реклама