Dark Mode Light Mode

Полицијата уапси крушевчанец заради грабежот на филијалата на Уни банка

Приведено е едно лице осомничено за вчерашниот вооружен грабеж на филијалата на Уни банка во Крушево, информира денеска полицијата. Според информациите, станува збор за 51-годишниот Т.С. од Крушево во чиј дом денеска по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп бил извршен претрес.

Осомничениот со пиштол и маска влегол во експозитурата на банката вчера околу 16 часот кога немало многу клиенти. Откако им се заканал на тројцата вработените одзел пари во вредност од околу 25 илјади евра, а вработените ги заклучил во помошна канцеларија и избегал по споредна улица покрај банката до излезот на градот.

Уни банка денеска соопшти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените биле безбедни и во добра состојба.

Реклама

 Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, се наведува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре нови протести против поскапувањето на струјата, најавена блокада на две раскрсници во Скопје

Next Post

Полицијата го бара советникот од ДУИ Нефи Усени и брат му за да ги стави во притвор

Реклама