Dark Mode Light Mode

Финска ги забрани авионските летови од Скопје до 29 август

Зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаа во Финска во последниот период е причина за суспендирањето на авионските летови од Македонија кон оваа скандинавска земја до 29 август. Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство.

Суспензијата на летовите следува два дена откако уште 17 патници кои пристигнале со летот на Визер од Скопје во Турку во вторникот биле позитивни на Ковид-19. Тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени во карантин. Вкупно досега на последните четири лета од Скопје до Турку се регистрирани 60 случаи на корона вирус. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, на вториот на 11 август пет, а на 18 август уште 12. Најголем дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Иако, македонски државјани не се меѓу заразените патници, финските власти ја класифицираа Северна Македонија како земја со висок ризик, поради големиот број случаи на Ковид-19. Освен привремената суспензија на авиолинијата Скопје-Турку која се реалзира двапати неделно, во вторник и во сабота, Финска воведе ограничувања и за летовите од Исланд, Грција, Малта, Германија, Норвешка и Данска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје од синоќа „свети“ до сабота, почна „Лајт арт дистрикт“

Next Post

Сончево време со мала облачност

Реклама