Dark Mode Light Mode

Јанчев во интервју за „Фокус“: Ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ

Кога ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе се движи во поинаков правец што ќе значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој граѓанин“, порача Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, во интервју за „Фокус“. По епилогот од предвремените парламентарни избори, тој јавно му порача на лидерот Христијан Мицкоски оти е време да се повлече од функцијата. Причината за слабите резултати ја лоцира во непрепознатливоста на политиките на опозицијата за граѓаните за кои, исто така, вели дека не можат да се идентификуваат во претседателот и актуелното раководство.

„Треба да се движиме напред, да дефинираме јасни политики, со свежи и проевропски идеи за нашата земја, со јасен правец за Европа и за НАТО“, вели Јанчев.

Обвинувањата на Мицкоски дека во Кавадарци се извршил најголемиот поткуп во предизборниот период, ги смета за директен атак врз него оти, како што вели, секогаш го перцепирал како конкуренција, па затоа и го разрешил од позицијата потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ. Притоа ги демантира таквите наводи и му возврати „ако има такви сознанија и информаци, да ги пријави во Обвинителството“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мијалков: Слушавме обвинувања за криминал со хидроцентрали. Нема ни кривични ни притвор за Мицковски

Next Post

СДСМ: Заради функционалност на енергетскиот систем ја зголемивме цената на електричната енергија

Реклама