Dark Mode Light Mode

Муцунски му порача на Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за да се преземе

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, а не акционерско друштво за да се преземе, порачува меѓународниот секретар на партијата, а сега и пратеник во новиот парламентарен состав, Тимчо Муцунски.

Ваквата негова порака доаѓа, откако градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, најави дека ќе ја преземе партијата.

-За мене терминологијата е многу значајна. ’Преземање‘ се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. ’Демократија‘ и ’преземање‘ се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, порача Муцунски преку Фејсбук.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Најнова информација: Мијалков се сретнал со претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски

Next Post

„Кој ќе ми го чува детето: Ако учениците одат во две групи, едната подоцна, а излегувам за на работа во 7.30?“

Реклама