Dark Mode Light Mode

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски информираше дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

Оваа одлука предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

-Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Реклама

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157488457242078

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ: Заради функционалност на енергетскиот систем ја зголемивме цената на електричната енергија

Next Post

Грчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза

Реклама