Dark Mode Light Mode

Грчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014 Мирослав Грчев во гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, вели дека Порта Македонија и спомен куќата на Мајка Тереза од проектот 2014 година треба да се срушат, додека пак другите споменици од овој проект треба да се дислоцираат.

-Случајот со спомен куќата Мајка Тереза, која по габарит е изградена, не е само опремена. Првото тешко прекршување на Уставот е што споменикот е идеја од премиер од влада за уредување на град. Тоа е строго забрането и е спротивно на основната темелна вредност. Не може владата да се бави со нешто што е во надлежност на локална самоуправа. Тоа е диктаторски потег. Тоа што влада дискутира за што да се прави со овој проект е иста грешка како онаа на Груевски, ова е исказ на една импотенција и од политички и од уставно-правен тип. Владата не е надлежна да расправа за тоа. Идејата за пренамена е за мене вон памет. Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени, вели тој.

Грчев додава дека уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра.

Реклама

-Мајка Тереза два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Next Post

Седумнаесетгодишно момче загина со мотор на патот Кочани – Зрновци

Реклама