Dark Mode Light Mode

Испревртена азбука во градот на конзулите 

Колумна на Габриела Илиевска:

Денес во најградскиот град, градот на конзулите и клавирите сѐ е отпревртено однопаку. Во знакот на буквата Ш. Тоа трае од поодамна, не е од сега:

– Широк Сокак е широк, но полупразен и тажен

Реклама

– Шахтите не функционираат, па и најмал дожд предизвикува поплави и други шашарми несвојствени за урбано живеење во 21 век;

– Шалтери во Битола колку да сакаш, реален сектор кој произведува реални вредности – ниту за лек;

– Шебек – партии кои седнуваат од еден во друг скут, ја кројат судбината на градот;

– Шерифи, партиски, се разбира, штрафтаат низ Битола, а и добро се офајдија. Имаа добри учители;

– Штркот сѐ поретко го посетува градот;

– Штурците се на позиции, мравки сѐ помалку;

– Шипинки за градот и граѓаните;

– Шашарма е сѐ;

– Шитната е партијата, шо би рекле бељотчиите;

– Шах-мат за Битола…

 

– „А“ како аерозагадување ќе почека;

– „В“ како велосипедски град, ќе почека;

– „Е“ како европска ќе почека;

– „Клавирите” и „Конзулите” ќе почекаат.

Ќе почекаме некои подобри луѓе и времиња кога место бушавата азбука повторно ќе почниме да ја средуваме Битола од А до Ш.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вториот бран пак мавна: 8 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 127 лица

Next Post

Станува ли Матка небезбедна, иако е светски позната туристичка атракција?

Реклама