Dark Mode Light Mode

Вториот бран пак мавна: 8 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 127 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Новозаразените се во овие градови:
-Скопје 57
-Куманово 4
-Штип 13
-Тетово 6
-Струга 10
-Охрид-7
-Кавадарци 1
-Гостивар 8
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Кратово 2
-Свети Николе 12
-Кичево 4
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ги интересираат ли само изборните бројки или и страшните цифри од короната?

Next Post

Испревртена азбука во градот на конзулите 

Реклама