Dark Mode Light Mode

Кому Гоце Делчев му велел – овчка главо?

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Минатата недела старо-новата владеачка групировка нè просветли со нејзините намери за добрососедство со источниот сосед. Небаре од животна важност било да се исполнат одредбите од оној несиметричен и противмакедонски „Договор за добрососедство“ со Бугарија! Ако воопшто нешто размислувале пишувачите и потпишувачите, особено од македонска страна, тогаш содржината на „Договор за добрососедство“ со Бугарија ќе беше политички, дипломатски и правно издражана. Наместо тоа, тие маката ја префрлија на други – особено врз историчарите! Оттука деновиве е и актуелноста на чл. 8 од овој Договор! Ни ја фраснаа в лице и бугарските и северно/македонските претставници.

Накратко, со овој член е утврдено формирање на мешовита македонско-бугарска експертска комисија која има за задача „да придонесе за објективно и засновано на автентични и врз докази засновани историски извори, научно толкување“ и определување на „заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности“ заради зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности. Небаре во изминатите седумдесетина години македонската историографија работела врз ненаучни принципи и методи создавајќи ненаучно толкување на историските настани и процеси (гледање на грвче, на карти и сл.)!

Реклама

И не само тоа, се изроди и синтагмата „заедничка историја“ која ниту македонската ниту бугарската политичка и историско-научната страна не ја определи, не ја дефинира, што отвори огромен простор за произволно и недобронамерно нејзино толкување, особено од страна на европскиот источен сосед.

Срамота и за двете споменати страни, а особено за македонските претставници, кои најверојатно на часовите по историја хибернирале и одненадеж разбудени, нè „избомбардираа“ со нивното незнаење за „македонските работи“! Па сега и македонскиот револуционер Гоце Делчев лесно ќе го решеле!

Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже збор да стане за пaзaрење околу него. Сето ова што ни се случува, е гротеска, вистинита и апсурдна до болка!

А, Гоце Делчев, овој Македонец од Кукуш, без да знае што ќе му се случува во иднината, на еден современик, пророчки му забележал:  „Овчка главо, запомни дека пред оние, на кои им ја должиш можноста да го напишеш своето име – ч о в е к, треба да стоиш без капа и кога ги пцуеш!“ Тој е емaнaцијa на македонската историска врвица и на македонската ослободителна борба! Негoвa идејнoст – oслoбoдувaњетo дa биде сo сoпствени мaкедoнски сили, стaнa иницијaцијa и нa бoрците oд НOБ и нa АСНOМ! Зaтoa е тoлку „бaрaн” oд дoбрите нѝ сoседи, зa дa се зaсени и уништи мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa и достоинство, историја, јaзик и културa!

Делчев и неговите соборци, потоа, борците од НОБ или оние од претходниот период – браќата Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, цар Самуил, Прличев, браќата Миладиновци и други личности, за македонската историја, се значајни од аспект на нивната дејност во градењето на македонскиот историски корпус. Тоа е содржина која се темели на амалгамот, на симбиозата меѓу народот и просторот, во една вертикална оска, која се движи од праисторијата, антиката, средновековието, новиот и современиот период. Затоа, вратете се на политичкиот мегдан, но умно и писмено, без егзебиции! За историските прашања, нормално е да постојат различни мислења, толкувања и ставови во науката.Тие и се во нејзиниот домен и не треба да бидат предмет на какви било политички преговори или договори!

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Фрчат огласи за нови вработувања во администрацијата, а ветија нејзино намалување

Next Post

Шилегов открил дека Градот може да функционира и без 47 вработени, а може ли и без 1.200 за кои велеше дека се вишок?

Реклама