Dark Mode Light Mode

Камениот мост е во полутемница, Чаршијата во мрак

Колумна на Лиман Осман:

Со проектот “Скопје 2014” беа изградени голем број на градби и споменици во поширокиот центар на главниот град. Тие градби истовремено добија и осветлување кое привлекува внимание исто како и самите градби. Но, во каква состојба се старите историски градби во Скопје почнувајќи од нивното осветлување? Иако ова прашање е постојано на дневен ред во медиумите, сепак состојбата со осветлувањето е далеку од стандардот и квалитетот на осветлените нови градби.

Секој што навечер ќе прошета од улица Македонија па преку плоштад до Камениот мост, и од таму ќе влезе во Старата (Турска) чаршија ќе забележи драстична разлика во квалитетот на осветлувањето наусловно, новите и старите градби. Плоштадот Македонија, со Воинот на коњ во средината, потоа новите мостови а Вардар, како и музеите и другите градби на кејот “зрачат” од квалитетното и силно осветлување. А истовремено, симболот на градот Скопје, Камениот мост е во полутемница, и тоа и од надвор и од внатре – светлата се прегорени, дел од инсталацијата извадена од место, грда слика на која надлежните не реагираат! Не се реагирана ниту кога е во прашање чистењето и одржувањето на овој симбол од џбунови, дрвја на неговите носечки столбови.

Иста е состојбата и во Чаршијата. Нај малку 7-8 бандери (по ново канделабри) се паднати, уништени, а од останатите светилки половина се прегорени и не светат. Да не се осветлените излози на чаршиските дуќани дел од Чаршијата ќе биде во потпол мрак.

Реклама

Единствена светла точка во стариот дел на Скопје е Саат – кулата и Султан Муратовата џамија, који благодарение на Турција беа и комплетно реновирани и прекрасно осветлени. Но, кај Сааткулата има друг проблем, а тоа е што убаво осветлената кула е невидлива од булевар „Крсте Мисирков” поради новите згради и што во непосредна близина на Саат кулата е изградена дивоградба од 4 спрата, речиси “залепена” за Саат кулата!? Сопственик на оваа грдосија бесрамно ги издава становите, а меѓу другите кираџии биле и инжењерите од Турција који работеа на реновирање на џамијата и кулата!

Кога оваа “градба” стигна и до јавноста и медиумите во Турција тогаш еден наш домашен функционер во директна тв – емисија изјави дека дивоградбата ќе биде урната. Поминаа години, но ништо од тоа. Грдосијата стои на исто место. За жал, очигледно е дека градските власти не водат доволна и подеднаква грижа за одржување на осветлувањето на историските градби и за нивна заштита од “покривање” со дивоградби.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Никој не победи на изборите, правењето владини комбинаторики да не ја поразат Македонија

Next Post

„Левица“ поднесе 425 приговори до ДИК, а пишува уште

Реклама