Dark Mode Light Mode

Родителите ќе си плаќаат градинка во Аеродром, нивното барање не беше ни ставено на дневен ред

Втор ден како градоначалникот на Аеродром не демантира ниту пак официјално известува: дали е вистина она што го тврди членот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Весна Маркоска – дека општината не прифатила ни да се стави на дневен редна на седница барањето на родителите да не плаќаат за градинка во месеците откако постои пандемијата и вонредната состојба.Тоа е периодот кога децата воопшто не одеа во градинка.

Но ова не е единствен пат Златко Марин да ja игнорира јавноста и да не се појавува за да даде соодветни објаснувања. Новинарите го бараа пред околу, 3 недели кога беше јасно дека некои од скопските општини како Ѓорче Петров и Гази Баба ги ослободија родителите од плаќање за градинка за критичниот период. Оние други градоначалници кои не сакаа да постапат како споменатите две населби се повикаа на правилник од министерството за труд и социјална политика. Но, официјално објаснија, додека Марин остана зад вратите на својата канцеларија во општината.

А револтот кај аеродромци не стивнува. Некои од родителите се останати без работа во кризата и немаат пари во месецот за основните режиски трошоци, а за градинка да не ни зборуваме. Тие бараа и инсистираа Аеродром како една од најбогатите општини да покаже солидарност и да ги ослободи од плаќање.

Реклама

На крајот не добија ни објаснување што ќе биде со нивното барање.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Товариле 9 грла крупен добиток и наместо да му платат - дале паричник полн со хартија

Next Post

„Пејсажни фасцинации 20“: прв проект на Национална галерија оваа година

Реклама