Dark Mode Light Mode

Државен карантин и кривична пријава за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од корона вирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата „8 Септември“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица му се заканувале на персоналот што работи во ковид-центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на корона вирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

-По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ „8 Септември“, при што од страна на полициските службеници биле преземени мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид-19, велат од МВР.

Реклама

Синот на починатата кој е позитивен на корона вирус е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а ќе му биде поднесена и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Барањето за изземање на обвинителката Рускоска го одложи судењето за „Меѓународен сојуз“

Next Post

Апел на „Водовод и канализација“: Водата да се користи рационално

Реклама