Dark Mode Light Mode

Товариле 9 грла крупен добиток и наместо да му платат – дале паричник полн со хартија

Паричник исполнет со најобична хартија било се што две лица му оставиле на велешанец во измамата при купување на добиток. МВР соопшти дека измамата била пријавена вчера изутрина а се случила на фарма за добиток во велешкото село Превалец. 

Измамата започнала кога четири непознати лица кои се претставиле дека се од скопски Сарај, измамиле 67-годишен велешанец откако договориле купопродажба на девет грла крупен добиток за сума од 6.000 евра.

Откако добитокот го натовариле во камион со кумановска регистрација, двајца од нив заминале, додека велешанецот со останатите две лица, кои биле со автомобил со скопска регистарација, се упатиле до Ветеринарна станица во Велес за да ги комплетираат документите за продажбата. По ова, едно од лицата со изговор дека ќе го пренесува неговиот брат, на велешанецот му оставил паричник како гаранција, по што и тие двајца купувачи заминале, се наведува во инфорамцијата.

Реклама

Откако 67-годишникот го отворил паричникот кој бил наполнет со хартија, сфатил дека е измамен. Полицијата врши истрага во случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЕУ ги отвора границите за 15 држави, но не и за Македонија

Next Post

Родителите ќе си плаќаат градинка во Аеродром, нивното барање не беше ни ставено на дневен ред

Реклама