Државата нема потреба од предвремени избори, туку да ги реши проблемите со кој се соочува, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
На денешната предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица Ахмет изнесе тврдење дека ставовите во однос на спорот со Бугарија се приближени.
–Мислам дека разликите се приближени. За приближување на разликите ни помагаа нашите меѓународни партнери кои се заинтересирани да функционираат мирот, стабилноста и безбедноста во Западниот Балкан и особено во нашата земја. Се надевам дека ова прашање ќе се реши во деновите или месеците што следат, но под услов ниту од нашите, ниту од бугарските власти да не се политизира и да не се вметнуваат емоции затоа што тоа е тема која сама по себе е емотивно прашање, рече Ахмети.
Тој посочи дека претходно од бугарска страна се потенцираше барањето бугарското малцинство да биде вклучено во Уставот на земјата и дека ова прашање сега е усогласено.
Во однос на јазикот, Ахмети истакна дека конструктивноста на двете држави ќе помогне за решавање на овој спор, потенцирајќи дека е прифатливо решението што е формулирано во Договорот со Бугарија, посочувајќи дека Албанците се солидарни со своите сограѓани Македонци за решавање на овој спор и за надминување на овие разлики, од причина што „не поврзуваат заедничките интереси“.