Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод по 2 и по еден заразен во Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 3 починати лица од Скопје (71), Струмица (82) и Битола (49 години). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани сe и 257 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691, од кои 2.409 во Скопје.