Dark Mode Light Mode

Чистење на дивите депони и казнување на загадувачите – дел од мерките на Град Скопје против загадувањето

Градот Скопје започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух. Една од нив е чистењето на сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје и досега се исчистени над 120 депонии. На дел од нив се планирани нови зелени површини, а меѓу нив во Ново Лисиче, во Ново Село и на многу други места.

Во денешното соопштение се истакнува дека дополнително, Градот започна и зголемен и неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една  беше изречена неодамна во износ од 88 илјади евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонците од Албанија: Бугарската амбасада дели подароци за вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо  

Next Post

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Реклама