Dark Mode Light Mode

„Омикронот“ дојде, ќе си почекаме да дојде подобреното здравство

Сојот Омикрон на вирусот влезе во Македонија, од Британија. Комисијата за заразни болести се чини се уште не е раздвижена. Јавноста очекуваше уште во изминатиот период, по интензивните повици од лекарската фела да се превенира пред влезот на новиот вирус во Македонија, Комисијата продолжи да молчи. Не преземаа превентивни мерки, ниту пак сега се произнесоа што планираат да прават.

Во меѓувреме, ги слушаме анализите на неколку познати доктори од земјава кои анализираат, алармираат, препорачуваат, па дури и им помагаат на пациентите. Велат дека сега е неопходно да се премине на онлајн настава во училиштата, да се редуцира собирањето во големи бројки во затворените простории, односно да се воведат итни мерки, оти од тоа ќе зависи дали „благодарение“ на Омикрон-сојот пандемијата би можела да заврши за 6 месеци. Дел од нив се дури и на ставот дека ако се одлучи да не се биде рестриктивен, тогаш да се остави природна имунизација, па дури и да се укине задолжителното носење маски на учениците.

Сето ова, до овој момент, се анализи на докторите кои не се дел од Комисијата. До кога другите кои се внатре ќе молчат? Чекаат ли да заврши пандемијата па да констатираат крај?

Реклама

Министерот Филипче иако е во оставка, зошто го нема да се растрча и да ги подготвува болниците, да се подобруваат условите за персоналот, да се прават протоколи…?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Средношколци се степале вчера попладне во Центар пред школо

Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди

Реклама