Dark Mode Light Mode

Мицкоски со Ставревски и Шамбевски ќе ја надгледуваат реализацијата на 14.835 ветени локални проекти

Новите градоначалници веќе се навлезени во своите мандати и од нив се очекува работа. Колку и како ќе работат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги набљудува и посебна партиска комисија.

-Во насока на доследно спроведување на проектите ветени пред граѓаните кои добија апсолутна поддршка на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон формирање на работно тело во рамките на партијата  кое ќе  ја следи реализацијата на истите.

Во програмите “Гарантираме” се опфатени точно 14. 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Од партијата прецизираат дека со нивните програми се предвидуваат 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела.

Во работното тело кое кое ќе ги надгледува реализациите на проектите се Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски: Нема да почитуваме едностран договор со Бугарија потпишан од политичкиот бегалец Заев

Next Post

Стружанец за време на изолација отишол во обложувалница и го нападнал вработениот

Реклама