Dark Mode Light Mode

Директорот на ТИРЗ Деспотовски е четвртиот во трката за лидер на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за лидерската позиција поднесе Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за слободни економски зони.

Деспотовски со кандидатурата ја достави и неговата програма „Концепт 28“.

-Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.

Реклама

Изминатите денови кандидатури поднесоа Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Властимир Алексовски. Рокот за поднесување е до денеска.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Воислав Димитровски е нов директор на „Лајка“

Next Post

Герасимовски ги слушна жителите на „Мирослав Крлежа“ - улицата ќе биде според нивните потреби

Реклама