Dark Mode Light Mode

Воислав Димитровски е нов директор на „Лајка“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата Тина Петрушевска и за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“ го назначи Воислав Димитровски.

Како што соошшти Град Скопје, Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња.

– Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија.

Реклама

Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија, соопшти Град Скопје. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стружанец за време на изолација отишол во обложувалница и го нападнал вработениот

Next Post

Директорот на ТИРЗ Деспотовски е четвртиот во трката за лидер на СДСМ

Реклама