Dark Mode Light Mode

„Торонто експрес“: Најновата претстава на МНТ премиерно на 15 декември

На средината на месецов, на 15 декември во Македонскиот народен театар се изведува премиерата на најновата претстава „Торонто експрес“. Главниот лик е доверен на Александар Микиќ. Ракописот е пишуван на скопски сленг, во лајт варијанта — дијалект што сè помалку се зборува, полека изумира и го снемува од скопските улици. На адаптацијата на текстот работеа: Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов.

Претставата е работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф и е во режија на Јордан Симонов.
–Претставата „Торонто експрес“ е работена според „Тибам Штркот“, еден од најчитаните текстови во 2008 година и како што вели авторот, ова дело е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија, велат од МНТ.

Од МНТ ја најавуваат и промоцијата на книгата „Торонто експрес“/„Тибам Штркот – апдејт“, која ќе се случи на 7 декември во просториите на книжарницата Литература во Ист Гејт Мол во 20 часот, а читателите со секоја купена книга добиваат ваучер/билет, кој ќе можат да го искористат во месеците што следат.

Реклама

Како извршен продуцентна претставата се потпишува Виктор Рубен, сценографското решение е на Мартин Манев и костимограф е Роза Трајческа-Ристевска. Следните изведби се закажани на 16 и 20 декември.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со празен стомак и џеб, кому му е гајле за почеток на преговори со ЕУ?

Next Post

Ех кога законите на природата би се пресликале во општеството...

Реклама