Dark Mode Light Mode

Вечерва премиера на „Нема да биде крајот на светот“ во МНТ

Вечерва во Македонскиот народен театар се случува премиерата на „Нема да биде крајот на светот“ на авторот Аднан Луѓониќ, а во режија на Нина Николиќ. Почнува во 20 часот, а долгонајавуваната промоција предизвика силен интерес за брзо продавање на билетите.

Станува збор за драма која се занимава со уривањето на интимните светови. Сите три лика (Дарја Ризова како Маша, таткото – Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ во улогата на Нина) од драмата под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат во пресрет.

-Она што е според мене најважно за „Нема да биде крај не светот“ е начинот на кој дојде до нејзината рализација. Пред околу 6 месеци, заедно со актерите дојдовме на идеја да направиме заеднички проект кој ќе може да се игра и покрај рестрикциите наметнати од актуалната ситуација во светот. Потоа, Џана го предложи овој текст на Аднан Лугониќ, кој уште на првото читање го прифативме како свој. Следеше процес на онлајн проби, реализација на мизансценски проби за време на летото, изработка на сценографија и костимографија, премиера на претставата во САРТР, а еве сега скопска премиера во рамките на МОТ, вели режисерката Николиќ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев не е веќе претседател на СДСМ, ќе го наследел „човек со квалитети“, но ќе продолжел да се „пазари“ за ново мнозинство

Next Post

Малите места нудат убавини, што не можат да се купат

Реклама