Dark Mode Light Mode

Дали „Алтернатива“ ќе влезе во Владата за која велеше дека е нелегитимна?

Став за тоа дали ќе влезат во состав на владината коалиција вечерва на седницата на Централното партиско раководство треба да го изгради политичката партија Алтернатива. Изградениот став потоа ќе биде предмет на изјаснување на Централното собрание кој е највисок партиски орган и кое ќе донесе решавачка одлука за влезот во власта или пак останување во опозициските редови.

Африм Гаши, лидер на Алтернатива, која има четири пратеници, неодамна имаше средба со премиерот во оставка Зоран Заев на која зборуваа за условите за влез на оваа партија во Владата. Алтернатива досега беше во коалиција со Алијанса на Албанците на Зијадин Села и настапуваше со ставови против владината коалиција. Гаши, неодамна, во периодот кога се подготвуваше гласањето на недоверба во Владата, изјави дека тие ќе гласаат Владата да падне.

-Нашите четири пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Надминато недоразбирањето со Скендер Реџепи кој не сакаше да гласа на седницата за недоверба, зошто на списокот со потписи беа и пратениците од Левица, изјави тогаш Гаши.

Реклама

Претходно, во периодот на формирањето на се уште актуелната Влада Алтернатива беше на ставот дека нема да учествува во Владата во која е и ДУИ.

-Ние не можеме да бидеме дел од иста влада со ДУИ. Не може Алтернатива да се договори за влада без Алијанса за Албанците, изјави тогаш Гаши.

По формирањето на Владата на СДСМ и ДУИ лидерот на Алтернатива и на Алијанса на Албанците Африм Гаши и Зијадин Села обвинија дека ДУИ победила со „полнење на гласачките кутии“.

-Ќе се бориме да ја срушиме оваа нелегитимна влада на легален начин, истакаа двајцата лидери во август 2020 година.

Дали сега сето ова нема да важи, ќе видиме наскоро.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата се подзамисли за мерките на Филипче, ќе смени нешто или само ја одложи одлуката?

Next Post

31 процент од новозаразените со вирусот биле целосно вакцинирани

Реклама