Dark Mode Light Mode

Професорот Мицкоски го падна на испит Шилегов и неговиот автобуски проект

Идејата на претходниот скопски градоначалник Петре Шилегов за Брз автобуски транспорт систем – не е добар, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Всушност Мицкоски како професор не би му дал ниту преодна оценка на проектот со кој Шилегов многу се фалеше, а дури и почна со подготовки да го реализира.

-Како техничко лице на скала од 1 до 5 го оценувам со најниска оцена еден, а како професор тој нема да го помине испитот. Сепак, со корекции и со суштински измени на тој проект средствата сепак ќе бидат тука и ќе можат скопјани да го добијат тоа што го заслужуваат, а не тоа што се обидел некој да им го наметне, истакна Мицкоски.

Како ќе постапи новата градоначалничка останува неизвесно. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара да и се даде повеќе време односно да се остави 100-тина дена, по што ќе се види начинот на функционирање, а и тоа што оставил нејзиниот претходник Шилегов.

Реклама

За потсетување: за БРТ системот Град Скопје доби 70 милиони евра кредит од страна на ЕБОР. Проектот опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Многу скопјани реагираа дека проектот е проблематичен  оти ќе мора да се сече многу зеленило по „Партизанска“ и „Јане Сандански“, а и ќе дојде до нивно стеснување за останатиот сообраќај.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ковид-статистика: 12 починати за 24 часа, уште 7 од претходно 434 нови заразени

Next Post

Двајца од повредените во автобуската несреќа утре се враќаат во земјава

Реклама