Dark Mode Light Mode

Автобусот на „Беса транс“ возел со лиценца од друго возило

Автобусот на „Беса транс“ кој се запали во Бугарија при то загинаа 45 лица возел со лиценца за превоз на патници од друго возило. Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса Транс“, покажале проверките на Министерството за транспорт.

Но, од Министерството за транспорт и врски ја отфрлаат одговорноста од себе како тоа мќело да се случи, автобус да излегува и да влегува во државава со невистинити документи.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Реклама

-Бројот 007017 е број на лиценца на превозникот „Беса Транс БТБ“ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот „Беса Транс“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

31 процент од новозаразените со вирусот биле целосно вакцинирани

Next Post

Дете е 45-та жртва во автобусот, нема осми преживеан патник

Реклама