Dark Mode Light Mode

Најмалку 12 деца и 34 возрасни загинаа пред околу 4 часа во сообраќајка на македонски автобус во Бугарија

Дванаесет деца и уште најмалку 34 возрасни лица загинаа во сообраќајна несреќа на автобус со македонски таблички, што се случи пред околу три и пол часа, во Бугарија. Трагедијата настанала на автопатот Софија – Благоевград, а по ударот автобусот се запалил.

Според бугарските медиуми, во него имало 52 лица, а според последните информации успеале да преживеат само 6 кои во моментот се наоѓаат во болницата во „Пирогов“ во Софија. Меѓу загинатите деца имало и близнаци. Не преживеал ниту возачот.

– Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, вели за БГНЕС Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Реклама

Автобусот тргнал околу 21 часот, а влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ПЦР тестови за администрација платени со народни пари, а зошто нема за учениците, ранливите групи?!

Next Post

Ги кршеле прозорите за да излезат додека автобусот горел, 12 деца не се спасиле, Заев и Јанев стигнуваат на местото на трагедијата

Реклама