Dark Mode Light Mode

Јанакиески не се враќа во притвор, барањето на Русковска е неосновано

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје вечерва го одби како неодновано барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за Миле Јанакиески.

Имено, Апелацискиот суд Скопје на 18.11.2021 година на Јанакиески му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост.

Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот.

Реклама

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението.

Една од причините зошто Обвинителството бара притор за Јанакиески е можноста од бегство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дел од Драчево утре без струја

Next Post

Кај нас се уште не е дојден делта плус сојот, но не може да го запреме

Реклама