Dark Mode Light Mode
Поевтинува дизелот, бензините со иста цена
Грозданова од Комитет за имунизација: Ако здравствените работници се антиваксери, не им е место во здравството
Дел од Драчево утре без струја

Грозданова од Комитет за имунизација: Ако здравствените работници се антиваксери, не им е место во здравството

Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството, смета д-р Александра Грозданова од УКИМ и национална координаторка за имунизација.

Таа потенцира дека за здравствените работници не би требало да се дискутира дали се вакцинирани или не, тие треба сите да се имунизирани. Во земјава тој процент на вакцинирани здравствени работници е околу 75.

Таа на денешниот онлајн разговор на тема „Имунизација во државава“ посочи дека последните недели државата се соочува со намален интерес за вакцинација и следните чекори се во насока на тоа, како да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од имунизација.

Реклама

Професорката смета дека дел од причината за недоволниот опфат на имунизација се должи на дезинформациите.

Според неа најголем проблем е кога дезинфорациите доаѓаат од медицински лица.

Грозданова предупредува дека има најава за сериозен пик и дека е неопходно да се зголеми опфатот на вакцинирани. Професорката Грозданова а додава дека процентот на оние кои самоиницијативно се решаваат за вакцинација се движи околу 50 отсто, а потоа се применуваат мерки за да се стимулира имунизацијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поевтинува дизелот, бензините со иста цена

Next Post

Дел од Драчево утре без струја

Реклама