Dark Mode Light Mode

Кучињата лаат, карванот си минува – почна да се гради првата висококатница кај Холидеј Ин

Започна изградбата на првата кула на паркингот спроти „Холидеј ин“, информираа од „МГ Фешн“ ДОО Скопје преку соопштение за јавноста. Во првата фаза започнува изградбата на станбено-деловниот објект кој содржи: три нивоа под земја, приземје плус дваесет ката и поткровје.

-Нашата визија за овој јавен простор е да се уреди на современ начин, налик на урбаните паркови во светските метрополи, како на пример оној на „Porta Nuova“ во Милано, а за кое идејно решение ќе предложиме да биде распишан јавен конкурс во соработка со Општина Центар. „МГ фешн“ ДОО Скопје како општествено одговорна компанија, на свој трошок, ќе ги обесштети сите жители на Ново Маало кои имаат имот на овој простор, без разлика што на истиот не е предвидена никаква изградба на градежен објект, и тоа на ист начин и во ист сооднос како и на жителите на Ново Маало на чии имот е предвидена изградба на објекти, се вели во соопштението.

Во однос на обесштетувањето, „МГ фешн“ потсетува дека со целосната реализација на овој проект, жителите на Ново Маало конечно ќе ги почувствуваат бенефитите на современото урбано живеење во главниот град.

Реклама

-Станува збор за обесштетување на повеќе од 300 жители кои сè уште опстојуваат таму како староседелци во центарот на Скопје и кои повеќе од седум децении живеат во супстандардни услови, без фекална и атмосферска канализација, во објекти изградени кон крајот на 19-ти или почетокот на 20-ти век, а притоа со децении имале забрана за каква било реконструкција, доградба или изградба на нивните домови, велат од компанијата и ги повикуваат сите жители на Ново Маало кои имаат имот на територијата на ДУП Ц08, а со кои досега не се склучени договори за обесштетување, без разлика дали на нивниот имот е предвидена изградба на објекти или јавен простор, да ги контактираат за да склучат соодветни договори за обесштетување со цел изградба на целиот станбено-деловен комплекс предвиден со ДУП Ц08.

Инаку, изградбата на висококатниците во строгиот центар на Скопје е предвидена со Деталниот урбанистички план донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. СДСМ, иако ветуваше, не ја спречи имплементацијата на спорните планови, а дополнително овозможи и дооформување на парцелата со продажба на државно земјиште.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Левица“ со кривична пријава за Шкодране Дардишта, предизвикувала омраза и нетрпеливост

Next Post

Арсовска ги собра градоначалниците од скопските општини - еднаш месечно ќе се координираат

Реклама