Dark Mode Light Mode

МВР може да проверува дали сертификатите на гостите во кафеаните се оригинал или фалсификат

Државниот пазарен инспекторат нема надлежност да проверува дали некој има оигинален или лажен сертификат, вели директорката Анета Симеска Димоска, туку тоа е работа на МВР.

– Ние немаме надлежност да ги контролираме лицата кои што влегуваат во угостителските објекти, околу тоа дали поседуваат или не сертификат и дали сертификатот е валиден. Надлежноста ја имаат редарите на угостителските објекти или вработен во угостителскиот објект. Апелирам до сите кои ја имаат таа надлежност да ја користат апликацијата за потврда на сертификатот од Министерството за здравство, затоа што при нашата контрола во угостителскиот објект, доколку се потврди дека лицата немаат сертификат одговорноста е на угостителот, изјави Симеска Димоска.

Како Државен пазарен инспекторат, Симеска Димоска нагласи, дека до овој момент имаат изречено глоба кон правни лица во износ од шест милиони денари и над 1,5 милион денари глоба кон одговорните лица во правните лица.

Реклама

Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти.

Затворањето е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Словенија не воведува нови рестриктивни мерки, препорачува работа од дома

Next Post

„Левица“ со кривична пријава за Шкодране Дардишта, предизвикувала омраза и нетрпеливост

Реклама