Dark Mode Light Mode

Убедлив триумф на македонската фудбалска репрезентација против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Ерменија со убедливи 5:0 во дуел од 9. коло во Мундијалските квалификации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во Ереван демонстрираа моќ и со сигурна игра во текот на целиот натпревар заслужено стигнаа до трите бода.

Резултатот го отвори Александар Трајковски во 22. минута по асистенцијата на Стефан Ашковски. До крајот на првото полувреме Енис Барди постигна гол по асистенцијата на Елиф Елмас за зголемување на предноста на 2:0. Барди погоди уште два пати од пенал во второто полувреме. Најпрво го реализира пеналот во 66. минута направен токму врз него, а во 89. минута го погоди пеналот направен над Езѓан Алиоски. Во меѓувреме гол даде и Милан Ристовски во 79. минута по втората асистенција на Елмас.

По оваа победа, Македонците ги задржаа шансите за пласман во баражот. Сега ќе се надеваме на „кикс“ на Романија во еден од преостанатите два натпревара до крајот на квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Реклама

Вечерва со почеток во 20:45 часот се играат другите два натпревара од 9. коло во Ј-групата:
Романија – Исланд и
Германија – Лихтенштајн.

Германците се први на табелата со 21 бод (8 натпревари), македонската репрезентација е втора со 15 бода (9 натпревари), следуваат Романија 13 (8), Ерменија 12 (9), Исланд 8(8) и Лихтенштајн 1 (8).

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Касами: Верувам дека видеото од Реџепи е направено под присила

Next Post

Дардишта 7 дена по заканата дека ќе ги вади воените чизми уште е во Македонски Телеком

Реклама