Dark Mode Light Mode
Апасиев до Алијанса, Алтернатива и Беса: Памет у глава - емоции на страна и се гледаме на седница
Царовска во Полска: Генерациите да се насочуваат кон вистински етички, морални и човечки вредности
Ни треба нова надеж, а не стари чизми

Царовска во Полска: Генерациите да се насочуваат кон вистински етички, морални и човечки вредности

Симпозиумите се места каде обично се споделуваат искуствата од сработеното. Така направила и министерката за образование Мила Царовска на симпозиум во Краков – Полска кој е посветен на антисемитизмот. Таа истакнала дека секоја генерација треба да се насочува кон стекнување вистински етички, морални и човечки вредности.

-За тоа е потребно развивање на индивидуалната и колективната свест во секое општество, а ние, политичарите и државниците, можеме многу да придонесеме кон постигнувањето на оваа цел. Трауматичните случувања и злосторства од минатото треба да ни бидат поука во сегашноста и да се стремиме кон создавање подобро општество за секого, во кое ќе нема или, пак, немилите настани ќе бидат сведени на минимум. Ова можеме да го постигнеме најмногу преку системот на образование, затоа што училиштето е вистинското место каде уште од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности. Токму во таа насока се и новите наставни програми и материјали кои во Македонија ги воведуваме етапно, а со кои се изучува еднаквоста, инклузивноста, мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на правата и различностите, истакнала Царовска.

Како што информира МОН, министерката потенцирала дека антисемитизмот не е само лекција во учебниците во македонскиот образовен систем. Оваа тема не се изучува само преку еден текст напишан на една или две страници од учебник во некое одделение, туку, рече, е тема која систематски се разработува на повеќе нивоа, во повеќе одделенија.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апасиев до Алијанса, Алтернатива и Беса: Памет у глава - емоции на страна и се гледаме на седница

Next Post

Ни треба нова надеж, а не стари чизми

Реклама